Младата фудбалска репрезентација до 17 години, со победа над Кипар од 2:1, го отвори пријателскиот турнир кој се игра во Скопје.
Сојилевски и Назифи беа стрелци на головите за македонскиот национален тим.
За четири дена од сега играме против Србија, а Србија и Кипар својот дуел ќе го одиграат задутре во 15 часот. Сите мечеви се играат на теренот на тренинг центарот „Петар Милошевски“.