Финале на УС Опен: Новак игра за „календарски слем“, a Медведев за прв Грен слем трофеј

508

Ѓоковиќ против Медведев брка титула на УС Опен и „перфектен слем“

Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ (1 АТП) и Русинот Данил Медведев (2 АТП) вечерва ќе играат во финалето на УС Опен. Ова е значајно финале, посебно за српскиот тенисер кој со евентуална победа ќе комплетира „календарски слем“, односно би ги освоил сите Грен слем турнири во 2021 година со што би станал првиот после Род Лавер во 1969. на кого тоа му успеало.

Освен тоа Новак со триумф исто така би ги претекнал Роџер Федерер и Рафаел Надал по број на освоени трофеи на најголемите тениски турнири. Сите тројца великани сега имаат по 20 Грен слем титули.

Инаку Новак до финалето на овогодишниот УС Опен стигна со многу проблеми затоа што губеше барем по еден сет во пет од шесте натпревари. А на патот до завршниот меч ги совлада Руне, Грикспор, Нишикори, Бруксби, Беретини и Зверев.

Од друга страна девет години помладиот Медведев покажа дека местото му е при врвот, а до финалето на УС Опен стигна со шест победи и само еден загубен сет. Ги елиминира: Гаске, Копфер, Андухар, Ван де Зандшупл, Еванс и Ожие-Алисаме. Медведе исто така го брка првиот Грен слем во кариерата.

Досега овие двајца осум пати ги одмерувале силите, а пет пати славел Новак, додека три пати Данил.

Финалето е вечерва со почеток од 22 часот.

ПретходноВМФЛ – ИСТОК: Пехчевци гостуваат во Струмица, Победа по три бода против Саса
СледноВлаховиќ: Реков дека останувам во Фиорентина и си стојам на зборот