Некогашниот голгетер на Ливерпул и Сити повторно се бори со депресијата

395

Поранешниот играч за врска на Ливерпул и Манчестер Сити, Крег Белами се соочува со сериозни психолошки проблеми. Како што објавија белгиските медиуми, Белами кој беше тренер на младинците на Андерлехт во изминатите неколку години, а оваа година му помогна на Винсент Компани во првиот тим, решил да го напушти клубот.

Белгискиот клуб објави дека Крег (42) ја напуштил својата позиција, за да се фокусира на менталното здравје. Претходно, поранешниот фудбалер на Велс изјави дека се соочувал со депресија во минатото, но по се изгледа сега неговите здравствени проблеми се вратија.

ПретходноСамсоненко има нов фудбалски клуб во Македонија – ФК „Парк“
СледноФИБА потсети на најубавата македонска кошаркарска бајка (ВИДЕО)