Новак Ѓоковиќ не успеа да влезе во посебно друштво. Моментот кој го чекаше на крајот се урна како кула од карти и тоа само по три сета. Русинот Данил Медведев беше доминантен во финалето на УС Опен, неочекувано не дозволи драми, играше сигурно, го надигра српскиот тенисер.
Ноле пак го прифати достоинствено поразот, со искрена прегратка му го честиташе првиот гренд слем на Медведев.
Историјата ќе почека, прашање е дали некој во скоро време ќе успее да ги освои сите главни титули во една календарска година.
ФОТО: УС ОПЕН/Твитер