Арменд Алими и дефинитивно утре, по подолго време, ќе биде во комбинација за составот на Шкендија. И тоа во вистинско време, токму за супер – дербито со Шкупи. Меч кој е многу важен како за Шкендија така и за Шкупи.
Тој за клупскиот сајт покрај другото изјави:
“Дерби мечевите се секогаш непредвидливи и тешки за играње. Јасно е дека играме против еден силен тим со големи амбиции сезонава. Сепак ова е шанса за нас да им се вратиме на победите и да се вратиме на победничките патеки. Овие две недели за време на паузата добро работевме и јас очекувам утре квалитетна Шкендија која секако дека ќе оди по трите бода“ заврши искусниот играч за врска.