Арнаутовиќ асистира, Сванберг погодува, бодовите на контото на Болоња (видео)

141

Екипата на Болоња ја совлада Верона со 1:0 на „Ренато дал’Ара“ во 3. коло од италијанската Серија А. Голот вреден три бода го постигна 20-годишниот шведски интернационалец Матијан Сванберг на асистенција на Арнаутовиќ.

Интересна статистика се појави поврзана со Сванберг која вели дека тој е вториот најмлад фудбалер со 7 гола и 7 асистенции во најсилната италијанска лига почнувајќи од сезоната 2018/19, а само Дејан Кулушевски имал подобар скор од него.

Болоња ја впиша втората победа во првенството по онаа над Салернитана во првото коло. Досега освои седум бода.

Верона е претпоследна со три порази и нула бодови.

 

ПретходноКуман: Благодарение на мене, Барселона има иднина
Следно„Карамелите“ за шест минути го разнесоа Барнли, Таунсенд постигна фантастичен гол (видео)