Елиот го брани Стрејк: Тој не е виновен, не требаше да добие црвен картон!

303

Харви Елиот, младиот фудбалер на Ливерпул кој вчера се здоби со страшна повреда, скршеница на скочниот зглоб се покажа како вистински спортсмен. И не само што го направи потегот на годината кога во болница на едно момче во болница кое било со скршена рака му подари дрес и копачки, сега застана во одбрана и на Паскал Стрејк. Тоа е фудбалерот на Лидс кој стартуваше врз Елиот за да потоа се случи таа страшна повреда.

Тој воопшто не е виновен. Не требаше да добие црвен картон. Тоа беше само еден ужасен инцидент, но такви работи се случуваат во фудбалот. Јас ќе се вратам 100% посилен, благодарам на сите за поддршката“ напиша на социјалните мрежи фудбалерот на „редси“.

Инаку првите најави се дека Елиот ќе мора да паузира најмалку шест месеци.

ПретходноШкендија VS Шкупи: Бруно гори од желба конечно да го победи Седлоски!
СледноРаботнички се засили со Милош Мацура