Евертон со 3:1 го совлада Барнли во последниот меч од 4. коло на Премиер лигата. На „Гудисон парк“ гледачите занемеа кога Бен Ми го доведе Барнли во водство во 53. минута, меѓутоа работите комплетно се завртија од 60. до 66. минута кога Евертон постигна три гола. Мајкл Кин изедначи, потоа Андрос Таунсенд постигна феноменален гол со шут од далечина (ГОЛОТ ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ОВДЕ), а само една минута подоцна Греј зголеми на 3:1 и им го отвори патот на „карамелите“ кон победата.
Во 67 минута момците на Бенитез постигнаа уште еден гол но беше поништен поради офсајд. Барнли разнесен и зашеметен не успеа да се врати во игра.
За Евертон ова е трета победа и има 10 бода, а Барнли е на 18. позиција со едно реми и три порази.
ФОТО: Twitter/Premier league