Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп призна дека не е среќен што Манчестер Јунајтед потпиша со Кристијано Роналдо, но истовремено е изненаден што Роналдо сам сакал да го напушти Јувентус.
Во интервју за „Скај Спорт“, Германецот призна дека не е задоволен што Роналдо сега е во конкурентот Јунајтед.
„Дали сум среќен што Роналдо е во Јунајтед? Не, не можам да го кажам тоа. Бев изненаден. Не мислев дека ќе дојде во Јунајтед, но кога ги слушнав гласините дека сака да си замине од Јувентус, едноставно немав поим. Тој беше на пат кон Манчестер Сити и јас помислив: Може да биде забавно за Јунајтед, но тогаш Јунајтед дојде и го направи она што го направи. Но, добро е, ова е слободен свет, и тие можат да прават што сакаат“, вели Клоп.