Куман: Благодарение на мене, Барселона има иднина

345

Првиот човек на Каталонците Жоан Лапорта пред извесно време изјави дека договорот на тренерот ќе биде продолжен само ако бидат исполнети одредени критериуми и цели оваа сезона. А Роналд Куман во едно интервју за „НОС Спорт“ даде неколку провокативни изјави на сметка на Лапорта.

Тој сугерираше дека тренерот ја нема целосната моќ во тимот. Премногу кажа и тоа не беше мудро во два случаи. Тоа можеше да биде зборувано само приватно. Сакам кога претседателот е вклучен во тимот и поставува прашања, но тоа не треба да биде преку медиумите. Тоа беше мојот проблем. Јас сум расположен да останам, уживам во работата. Благодарение на мене, овој клуб има иднина“, изјави Куман.

Холандскиот тренер мислеше на тоа што во првиот тим им даде шанса на некои млади фудбалери кои сигурно немаше да одиграат ниту меч ако клубот не западнеше во финансиска криза. Други го сфатија како „искра“ помеѓу првиот човек на клубот и тренерот.

Во меѓувреме Серхио Бускетс кој на прес конференцијата зборуваше за мечот со Баерн и го прокоментира односот меѓу Лапорта и Куман.

Доколку двајцата имаат проблем треба да седнат и да разговараат и да го решат. Не е убаво да се оговараат преку медиумите. За доброто на клубот, за нас и за фановите треба да седнат и да ги решат недоразбирањата, се разбира доколку ги имаат. Но мислам дека нема, секој го изложи своето мислење и тоа е тоа“, кажа Бускетс.

 

ПретходноЅвездата на Сити ја откачи преубавата Ејприл, премногу “слободно“ се однесувала!
СледноАрнаутовиќ асистира, Сванберг погодува, бодовите на контото на Болоња (видео)