Младиот фудбалер на Ливерпул, Харви Елиот, кој вчера на гостувањето кај Лидс Ј. заработи тешка повреда, ќе мора на операција. Како што објавија „црвените“, 18-годишникот има дислокација на скочниот зглоб и ќе мора да оди на хируршки зафат.
Операцијата е закажаа за утре. Ако се помине во најдобар ред, останува да се почекаат прогнозите на лекарите околу комплетниот период на негово опоравување, кое сигурно ќе потрае подолго.