Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ го загуби синоќешното финале на УС Опен, а по поразот искрено му честиташе на Медведев, најрекувајќи ја неговата победа апсолутно заслужена.
„Тој одигра многу прецизно. Се чувствуваше дека го изведува секој удар максимално од своите способности. Имаше тактичка сигурност. Тој совршено го исполни својот план. Од друга страна, играв под моето ниво. Нозете не работеа. Се обидов, дадов се од себе. Но, тој дозволи многу неизнудени грешки. Кога играте со човек како Медведев, која сервира многу прецизно, постојано изведува асови, добива многу лесни поени на првата топка, тогаш постојано сте под притисок на сервисот. Да бидам искрен, бев под моето ниво во се. За жал, ова е лош ден. Понекогаш победувате, понекогаш губите. Поразот е тежок, многу тежок. Но, во исто време сум среќен за него бидејќи тој е одлично момче и ја заслужува титулата. Навистина заслужено“, изјави Новак.