Работнички се засили со Милош Мацура

230

Нов член на најтрофејниот кошаркарски колектив Работнички е српскиот интернационалец Милош Мацура. 31-годишниот кошаркар ќе ја засили конкуренцијата под кошевите, а доаѓа со големо искуство играјќи во неколку лиги во Европа: Србија, Русија, Романија, Чешка, Франција, Белгија, Шпанија.

Мацура е второ центарско засилување на Работнички ова лето, откако претходно договорен беше потписот на босанскиот џин Недим Мустафица.

ПретходноЕлиот го брани Стрејк: Тој не е виновен, не требаше да добие црвен картон!
СледноРеал без пет фудбалери на дуел со Интер во ЛШ