„Суперлигата е мртва, џабе се обидуваат да ја вратат во живот“

203

Поранешниот генерален директор на Баерн (М), Карл-Хајнц Румениге, ги искажа своите ставови за Суперлигата и се уште актуелната тема околу нејзиното наводно рестартирање.

„Има три клуба кои се уште ја одржуваат Суперлигата во живот, барем од правна гледна точка. Во спортот, тешко ми е да видам натпреварување со три клубови. Не знам зошто овие продолжуваат да се држат до неа. Но, со сигурност знам дека Суперлигата, со оглед на начинот на кој беше организирана, е мртва. Не само што го велам ова, истата порака стигна од љубителите на фудбалот низ цела Европа. Одговорот беше јасен. И ниеден клуб во Англија, Франција или Германија веќе не беше во искушение да си игра со оган. Без да се земе предвид дека ова беше избрзан потег од страна на наводните основачи, убеден сум дека тие сакаа да ја постават основата за ублажување на влијанието на пандемијата на краток рок. Флорентино Перез отсекогаш бил поддржувач на Суперлигата. Зборуваме за бизнисмен кој долго време не се согласуваше со одлуките на ФИФА и УЕФА. Идејата за Суперлигата не се роди во април, туку многу порано“, вели Румениге.

ПретходноКоринтијанс го одложи дебито на Вилијан откако доби закани од здраствените власти
СледноМладите надежи на Слован се победници на Меморијалот „Драган Василов Цевка“