Самсоненко има нов фудбалски клуб во Македонија – ФК „Парк“

6648

Поранешниот спонзор и сопственик на ракометниот и фудбалскиот клуб Вардар, Сергеј Самсоненко има нов фудбалски клуб во нашата земја. Од денеска и официјално почна со работа Фудбалскиот клуб „Парк“ кој е наследник на Академијата на ФК Вардар која беше изградена во времето на Самсоненко веднаш зад источната трибина на Националната арена.

Во прво време „Парк“ ќе работи како младинска академија, а наскоро се очекува да формира и свој сениорски тим. Ѓорѓи Христов и Саше Милошевски ќе го раководат новиот фудбалски колектив.

ПретходноТројца македонски судии на АБА судиската клиника во Белград
СледноНекогашниот голгетер на Ливерпул и Сити повторно се бори со депресијата