Менаџерот на Манчестер Јунајтед Оле Гунар Солскјер смета дека оваа сезона тимот е многу поспремен за предизвиците во Лигата на шампионите во споредба со минатата сезона кога испадна уште во групната фаза и го продолжи учеството во Лигата на Европа. Утре Јунајтед ја почнува битката во ЛШ против Јанг Бојс во Берн.
„Целта ни е да одиме до крај, но знаеме дека ќе биде тешко. Оваа сезона додадовме квалитет, искуство и свежина во составот и се надеваме дека овој пат сме подобро подготвени за тоа што ни претстои. Тимот порасна и е позрел. Кога дојдов пред три години сакав тим со искуство и квалитет кој може да се бори на сите фронтови. Де Геа беше тука, Мегваер исто така, а сега ни се приклучија Варан и Роналдо. Научивме многу, групата е посебна и изедначена.
Мислам дека оваа сезона ќе биде полесно да се справиме со предизвиците во Лигата на шампионите. Ротациите исто така ќе бидат многу полесни со играчите кои ги донесовме. Им реков на играчите дека им верувам на сите и дека можеме да направиме добар резултат сезонава“, изјави Солскјер.