Тренерот на Рома, Жозе Мурињо, го заокружи својот 1000 натпревар во кариерата со победа над Сасуоло од 2:1 во Серија А, а по мечот изјави дека цела недела морал да лаже дека ова не е посебен меч за него.
„Цела недела лажев велејќи дека не се работи за специјален натпревар, бидејќи не беше така. Тоа беше натпревар со посебно значење за мене затоа што отсекогаш сум сакал да се сеќавам на мојот натпревар број 1000, па ги излажав сите“, вели Мурињо.
„Искрено, денеска не се чувствував како 58-годишник, туку како 14-годишник. Токму како кога почнувате да сонувате за кариера во фудбалот. Бев како дете што трчаше таму и затоа му се извинив на тренерот на Сасуоло“, вели „Специјалниот“.
José Mourinho celebrating after a 92nd minute winner from El Shaarawy… on his 1000th game as professional manager. 🔴🇵🇹 #Mourinho
1️⃣0️⃣0️⃣0️⃣ games
6️⃣3️⃣9️⃣🥇wins
2️⃣5️⃣🏆 trophiespic.twitter.com/ZQFTUKosEJ— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) September 12, 2021