Во среда на 15 септември со почеток од 15 часот закажани се мечевите од 1/16 финалето во Купот на Македонија. Од 14 средби ќе се одиграат единаесет, додека другите три ќе се играат следната среда.
Познати се и судиите кои ќе ја дела правдата на овие мечеви. На дербито меѓу Победа и Вардар главен судија ќе биде Јобан Качевски од Струга. На мечот меѓу Воска Спорт и Брегалница правдата ќе ја дели Дејан Јакимовски од Скопје, додека во Виница, каде Работнички и гостува на Слога, која е лидер во ВМФЛ – ИСТОК, за главен судија е делегиран Стојанче Стојанов од Штип.
ДВОЈКИ И СУДИИ – СРЕДА (15:00 Ч)
Детонит – Македонија ЃП (Б. Величков – Велес)
Победа – Вардар (Ј. Качевски – Струга)
Беса – Скопје (Ф. Идризи – Тетово)
ТИМ Локомотива – Охрид (М. Дејаноски – Кичево)
Љуботен – Пелистер (Д. Стојчевски – Скопје)
Гостивар – Ренова (М. Ецкоски – Охрид)
Кораби – Беласица (М. Младеновски – Скопје)
Слога (В) – Работнички (С. Стојанов – Штип)
Новаци – Тиквеш (К. Смоквоски – Прилеп)
Саса – Струга ТЛ (Д. Младеновски – Скопје)
Воска Спорт – Брегалница (Д. Јакимовски – Скопје)
22.09.2021 (СРЕДА) – 15:00 Ч
Кит Го – Шкендија (Б. Ралевски – Битола)
Њу Старс – Борец (Ф. Бафто – Охрид)
Велешта – Шкупи (В. Ѓорѓиевски – Битола)