Британката Ема Радукану го освои УС Опен 2021, во финалето ја совлада Канаѓанката Лејла Фернандез и со тоа стави крај на 44 годишното чекање на Британија за титула на женски Грен Слем турнир.
УС Опен и донесе заработувачка од 2,5 милиони долари. На прашањето што ќе си купи од парите, таа даде интересен одговор.
Многумина прво што ќе помислат е скап автомобил или пак луксузна куќа, но ова не е случај со Британката, таа прво ќе си купи слушалки кои чинат 160 долари.
„Во мојот тим почна една голема шега откако на првиот меч ги загубив своите слушалки. Ги барав пет минути во соблекувалната, а потоа добив повик дека треба да одам на терен и сфатив дека ги изгубив. Потоа си ветив дека прво што ќе направам ако го победам мечот е дека ќе си купам нов. Оваа шега стана главна до крајот на турнирот. Никој не сонуваше дека ќе го освојам УС Опен, среќна сум што успеав да го сторам тоа. Веднаш ќе одам да си купам нов слушалки“, изјави победничката на УС Опен.