Утре ќе се решава судбината на Пане во Тиквеш!

950

Не оди и не оди. Едноставно Тиквеш со Пане Блажевски не може да победи во ПМФЛ. Се одиграа веќе шест мечеви, а кавадарчани од можни 18 бодови освоија само 2, и се само пред Пелистер на табелата. Пред две недели се споменуваше неговата смена, но Блажевски доби уште една шанса. Сепак против Ренова неговиот тим вчера загуби па останува да се биди дали тој и натаму ќе биде шеф на струката на Тиквеш.

Како што дознава Спортмедиа, утре ќе се решава неговата тренерска судбина во Тиквеш. Имено закажан е итен состанок на водечките луѓе на клубот, поточно на акционерите и Бордот на директори на кој ќе се разгледува работата на стручниот штаб.

Да кажеме дека во среда Тиквеш во 1/16 финалето од Купот му гостува на Новаци, а во недела во меч од 7.коло во ПМФЛ, кавадарчани се среќаваат со Брегалница во Штип.

Дали на овие мечеви Тиквеш ќе го води Блажевски или некој друг судија, ќе дознаеме во текот на утрешниот ден.

ПретходноСудии за Куп: Качевски ќе им суди на Победа и Вардар
СледноФФМ ќе покрене дисциплинска постапка против “тепачите“ во Боговиње!