Иконата на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон, беше клучен играч во враќањето на Кристијано Роналдо на „Олд Трафорд“. Поранешниот тренер на „црвените ѓаволи“ не крие дека интервенирал во трката по потписот на Португалецот, така што го спречи можниот трансфер на ЦР7 во Сити и практично го врати на „Олд Трафорд“.
„Многу луѓе ја одиграа својата улога за да го вратат Роналдо. Јас придонесов знаејќи дека Кристијано навистина сака да дојде овде и тоа беше важно. Се одеше добро“, изјави сер Алекс за англиските медиуми.
„Не би рекол дека е емотивно, но возбудливо е за мене и олеснување, бидејќи не можев да замислам дека тој ќе игра за Манчестер Сити. Мислам дека никој не можеше да го замисли и гледа тоа. Затоа презедовме чекори за да се осигураме дека тој ќе дојде тука . Клубот ме следеше многу добро, а јас разговарав со Глејзер и тоа беше тоа“, објасни Ферги.