Македонија вечно ќе ја памети 2011 година. Во Литванија, нашата најдобра кошаркарска репрезентација ја испиша најубавата бајка, го освои историското четврто место на Европското првенство.
Цела земја дишеше во ритамот на кошарката, беше вистинско лудило, а врвот го достигнавме против Литванија. Домаќинот на континенталното натпреварување го урнавме пред своите навивачи, победа која ниту ние, а се чини ниту ФИБА не ја заборави.
Токму на еден ден пред оваа победа, ФИБА сподели видео со тројката на Илиевски.
VLAAAAADO ILIEVSKI! 🗣️📢#MemoryMonday: 10 years ago, 🇲🇰 shocked 🇱🇹 for one of the greatest upsets in #EuroBasket history! 😲 pic.twitter.com/CylktMAOh0
— FIBA EuroBasket (@EuroBasket) September 13, 2021