Чешка го исфрли олимпискиот шампион од одбојкарското ЕП

356

Одбојкарската репрезентација на Чешка која буквално се протна во елиминациската фаза на ЕП, приреди сензација со елиминацијата на огромниот фаворит и олимписки шампион Франција во три сета (25:22, 25:19 и 32:24).

Французите кои како освојувачи на олимпиското злато дојдоа по трофејот на ЕП, меѓутоа се разочараа вечерва откако налетаа на цврстата Чешка во втората фаза од турнирот. Во четвртфиналето Чешка ќе се соочи со Словенија која со 3:1 во сетови славеше над Хрватска.

Утре во четвртфиналето играат Холандија и Србија како и Полска со Русија.

Бранител на еврокруната е Србија која триумфираше во 2019 година, тогаш Словенија беше сребрена, а Полска бронзена.

Четвртфинале, двојки 
14 септември Холандија – Србија
14 септември Полска – Русија

15 септември Италија – Германија
15 септември Чешка – Словенија

FOTO> European Volleyball

ПретходноСолскјер: Јунајтед сега е поспремен за ЛШ, целта ни е да одиме до крај
СледноЅвездата на Сити ја откачи преубавата Ејприл, премногу “слободно“ се однесувала!