Шкендија VS Шкупи: Бруно гори од желба конечно да го победи Седлоски!

515

Утре под Шара, на Градскиот стадион во Тетово, се игра супер-дербито од 6.коло или дербито на есенскиот дел меѓу Шкендија и Шкупи. Нема дилеми дека тоа се двете наши најдобри екипи кои со право се и најголеми аспиранти за титулата.

Се разбира дека сите очекуваме спектакл под Шара, но еден човек посебно има голема желба да победи, да слави. Тој просто гори од желба да ги освои трите бода.

Тоа е Бруно Акраповиќ, шефот на струката на Шкендија, кој пред пет години исто беше тренер во Шкендија и имаше дури четири тренерски дуели со Гоце Седлоски, тогашниот тренер на Вардар а сега шеф на струката на Шкупи.

И ниту на еден дуел Бруно нема победа над Седло. Три порази и само едно реми.

Поразот од Седло на 23 октомври 2016 година среде Тетово пред 15.000 гледачи со 0:2, тогаш Бруно го чинеше и отказ од Шкендија.

Ќе видиме утре дали конечно Акраповиќ ќе се радува на победа над Седлоски или одново овој вториот ќе го надмудри својот колега како што тоа беше во таа 2016 година.

ПретходноНеверојатно: Само браќата Станковски и Ристевски даваат голови за Работнички!
СледноЕлиот го брани Стрејк: Тој не е виновен, не требаше да добие црвен картон!