Рубен Дијаш, ѕвездата на Манчестер Сити и репрезентацијата на Португалија на фудбалски план и тоа како добро му оди во последно време, но не и во приватниот живот. Имено познато е дека Дијаш за минатата сезона беше избран за најдобар фудбалер во Премиер-лигата, но во “врската“ со девојката Ејприл Ајви после три години дојдоа проблемите.
Инаку таа е пејачка од Португалија, нејзиното име е Маријана Гонзалес, и се пресели во Англија заедно со својот дечко со цел да напредува во пејачката кариера.
Па така откако таблодите во Англија во повеќе наврати пишуваа за нејзиното однесување, кое во најмала рака била “слободно“, Рубен Дијаш одлучи да и раскине.
Тој ги избриша сите заеднички слики со Ејприл од социјалните мрежи, со тоа го потврди и раскинувањето.