Аврамовски и официјално заврши со Кајсериспор, следна дестинација – Гиресунспор

1058

Македонскиот фудбалски репрезентативец Даниел Аврамовски и официјално заврши со Кајсериспор. Како што потврдија од клубот, соработката со нашиот интернационалец е спогодбено завршена, така што тој е слободен да си бара нов клуб.

Според турските весници, уште пред да биде договорен раскинот на договорот со Кајсериспор, Аврамовски постигнал договор за соработка со екипата на Гиресунспор, која по три кола е на последното место во турската Суперлига со три порази.

ПретходноМладиот Елиот, сепак, утре ќе мора на операција
Следно„Специјалниот“: Цела недела лажам, се чуствувам како дете од 14 години