Браќата Њокас на списокот на Вардар за Лигата на шампиони

249

Браќата Оливие и Кевин Њокас и официјално се нови членови на Вардар 1961. Оваа информација ја потврди и ЕХФ. На списокот на актуелниот македонски првак за новата сезона се најдоа и француските ракометари, кои по кратко време ја сменија средината, од Автокоманда се преселија во СЦ „Јане Сандански“.

И натаму останува непознато дали Едуардо Гурбиндо ќе го оствари најавениот трансфер во редовите на Динамо Букурешт.

Првиот меч од новата сезона во Лигата на шампиони, Вардар го игра во среда на гости кај Елверум, останува да видиме дали браќата Њокас ќе се најдат во списокот на патници на Веселин Вујовиќ.

ПретходноИзов го објави списокот за Англија и Австрија
СледноКуман јавно го критикуваше Лапорта