Медведев ја урна бајката за Ѓоковиќ, Новак ќе бара нова шанса да стане крал!

938

Данил Медведев е новиот владетел на УС Опен откако одличниот русин во голем стил со максимални 3:0 (6:4, 6:4 и 6:4), го совлада „најдобриот меѓу најдобрите“. Новак Ѓоковиќ неуспеа да стане бесмртен, да стане крал на тенисот, а оваа, нашава тениска генерација ја пропушти шансата за првпат да види тениски виртуоз кој ќе може да се пофали со четирите гренд-слем титули во една година. Мелбурн, Париз, Вимблдон но не и Њујорк. Србинот беше толку блиску да го направи овој подвиг кој последен пат светот на тенисот го има видено во 1969 година. Поминаа 52 години а можеби ќе чекаме уште долго да го видиме она што во таа далечна година му успеа на Род Лавер.

Нервозен Новак, нема брејк – скршен рекет!
Со многу несигурност и нервоза во ова финале на УС Опен влезе Новак Ѓоковиќ. Уште во првиот гем Медведев направи брејк со кој потоа ја одржуваше разликата и стигна до првиот сет. Кога се чинеше дека Ѓоковиќ ја најде формулата како да го сопре Медведев се случи четвртиот гем од вториот сет. Имаше 5 брејк топки Ѓоковиќ но и момент кога Србинот експлодираше и по една контроверзна одлука на судиите го искрши рекетот. При вториот сервис на Медведев, Ѓоковиќ врати со одличен поен но судијата одлучи дека имало „нец“, по што русинот ја искористи втората шанса и се врати во гемот а потоа направи брејк кој беше доволен за 2:0. Во третиот сет Ѓоковиќ како да не беше на финалето. На теренот играше само Медведев кој јуришаше кон својот успех, својата историја… Медведев имаше 4:0 па се случи кам-бек на големиот Ноле. При 5:2 имаше и меч топка медведев но почнаа рацете да треперат и направи две едноподруго сервис грешки по кои му даде шанса за враќање на Ѓоковиќ кој стигна до првиот брејк и негатива од 5:4. Новак само за миг го одложи крунисувањето на Медведев кој во следниот гем рутинирано стигна до посакуваната цел и по 2:17 минути да го совлада најдобриот тенисер на денешницата со 3:0 во сетови.

Прв гренд-слем за одличниот Медведев
Во третиот обид Данил Медведев стигна до голема груна од големите тениски турнири. Овој 25-годишен тенисер вио моментите кога светот очекуваше да го види блесокот на Ѓоковиќ се случи епска борба во која Медведев царуваше. Се му одеше од рака на Данил кој имаше добар прв сет, одличен втор сет и многу поени по истиот. Како да имаше торпедо во рацете и секогаш кога Ѓоковиќ ќе кренеше глава тој му враќаше со ас (вкупно 16). Ова е голем ден за Данил кој стигна до големиот успех и прва победа во едно финален на гренд-слем турнирите.
Новак, тој ќе има нова шанса да стане бесмртен. Тој заедно до Федерер и Надал имаат по 20 победи на ваквите турнири. Федерер и Надал се далеку од формата на Ѓоковиќ кој секако дека на следниот турнир во Мелбурн ќе го нападне тронот и да стане крал на тенисот. Ова финале на УС Опен што поскоро да се заборави за Новак и неговиот тим кои сега треба добро да одморат по исцрпувачката сезона и да се фокусираат кон новата и новите предизвици.

ПретходноТричко не застанува, два меча – два гола
СледноЃоковиќ голем и во поразите: Со искрена прегратка му честиташе на Медведев