Младите надежи на Слован се победници на Меморијалот „Драган Василов Цевка“

196

Со доделување на медалите на најдобрите, викендов заврши меѓународниот кошаркарски турнир за играчи до 16 години „Драган Василов Цевка“. Победник на првото издание на овој кошаркарски собир во Скопје, е екипата на Слован од Љубљана, која во завршниот меч успеа да го победи тимот на Академик од Пловдив со резултат 72:42.

Во борбата за третото место меѓу екипите на Реал Гуровиќ Академија и Шопрон, повеќе среќа имаше српскиот тим кој победи со 70:69. Петтото место и припадна на екипаа на Црвена Звезда од Белград, која славеше против романски Клуж од 62:57, a во „македонското дерби“, односно натпреварот за седмото место, вардаровите кошаркари беа подобри од младите „штркови“ на МЗТ Скопје Аеродром со резултат од 71:59.

За најдобар стрелец на турнирот беше прогласен Келер Бендегуз од тимот на Шопрон, а МВП наградата за најдобар играч ја понесе кошаркарот на Слован, Леон Ивичиќ.

Претходно„Суперлигата е мртва, џабе се обидуваат да ја вратат во живот“
СледноШчесни е веќе поранешен? Јувентус носи нов бр.1 оваа зима