Вардарци преку Полска до Норвешка

166

Македонскиот првак ги спакува куфери и замина за Норвешка. Прв противник на Вардар 1961 во првото коло во Лигата на шампионите е Елверум.

Веселин Вујовиќ и неговите момци за неполн час од скопскиот аеродром ќе летнат за Варшава од каде пак со нов лет ќе пристигнат во Осло. До крајната дестинација ги дели уште 150 километри.

Експедицијата на Вардар во Елверум треба да пристигне пред 19 часот. Оиве два тима немаат долга историја на пресметки, а македонскиот тим нема пораз, има една победа на гости, и реми на домашен терен.

Натпреварот е закажан за утре со почеток во 18:45 часот.

ПретходноШкендија VS Шкупи: Тетово против Скопје, битка за тронот – ПРВ ЧИН!
СледноРоналдо им одржал говор на соиграчите пред Њукасл, познати се деталите