Вардар со браќата Њокас во Елверум, Ристовски, Кудуз и Гурбиндо останаа во Скопје

436

Екипата на Вардар1961 отпатува за Осло, Норвешка каде утре го игра првиот натпревар од групната фаза од Лига на шампионите.

Делегацијата на македонскиот првак е составена од 22 членови, во Скопје останаа Борко Ристовски, Анте Кудуз и Едуардо Гурбиндо, а додека со тимот отпатуваа браќата Оливие и Кевин Њокас.

„Очекуваме тежок натпревар. Тие имаат млада екипа. И лани беше заедно со Вардар во иста група. Најсилна страна на Елверум е нивниот брз центар и нападот. Играат брзо, шутираат многу. Верувам дека ќе освоиме бодови. Се подготвуваме долго. И се надевам во Скопје ќе се вратиме со бодови“, изјави Ѓукиќ пред заминувањето.

Дуелот меѓу Елверум и Вардар се игра утре со почеток во 18:45 часот.

ПретходноДвајца фудбалери на Реал не сакале да седат во Вип ложата поради Зидан
СледноВујовиќ: Во овој момент не можам да кажам дека Вардар е фаворит