Реал Мадрид со победа го сефтоса „новиот Сантијаго Бернабеу“. На домашен терен по пресврт ја совлада Селта со 5-2 во рамките на 4. коло во Ла Лига.
На трибините имало неколку познати имиња, а многумина се изненадиле кога го виделе Зинедин Зидан, кој на крајот на минатата сезона го напушти клубот.
Францускиот стратег уште еднаш покажа колку му значи Реал Мадрид, дојде да му даде поддршка на мечот со Селта.
Но, на дел од играчите ваквиот потег не ум се допаднал, па мораа овој натпревар да го гледаат од дома. Поконкретно, станува збор за Герет Бејл и Лука Јовиќ, открива мадридски АС.
Двајцата не сакале да дојдат на стадион кога слушнале дека ќе биде и Зидан, едноставно не сакале да се сретнат со својот некогашен тренер. Со него не останаа во најдобри односно, двајцата во неговата ера беа на клупата.
👔 Zidane era una de las personas que están presentes en las zonas VIP del estadio, en las que no se vio a Bale y Jovic
📻 Informa la Copehttps://t.co/uCoQTk3eAw
— Diario AS (@diarioas) September 12, 2021