Женската репрезентација почна со тренинзи – на изненадување со Англија и со Австрија

158

Женската А репрезентација на Македонија ги започна подготовките за дуелите во квалификациите за пласман на Мундијалот 2023 година. Македонскиот национален тим ќе игра со Англија во Саутемптон на 17 септември, и четири дена подоцна на Националната Арена „Тодор Проески“ со Австрија.

Секако дека селекциите на Англија и на Австрија важат за фаворити, но избраничките на Кирил Изов посакуваат изненадување.

Покрај овие две селекции, во групата со Македонија се уште и селекциите на Северна Ирска, Луксембург и Летонија.

ПретходноКрај на една ера – после шест години Фенербахче се раздели со легендарниот кошаркар
СледноКлоп: Утре задолжително гледајте Ливерпул – Милан