На собранието на АБА лигата одлучено е лигата да биде зголемена за две екипи, а вајлд карти добија Широки и Златибор. Тоа значи дека Македонија нема да има трет претставник во втората Балканска лига што значи дека во остануваат само МЗТ и Пелистер.
Променет и системот на плеј-офот во најсилната АБА лига во која нема да има четири туку шест најдобри екипи од лигашкиот дел на натпреварувањето.
Првопласираниот и вториот одат директно во полуфинале, а преостанатите четири тима ќе се борат за доигрување за место меѓу четирите најдобри во шема: третиот со шестиот и четвртиот со петтиот на табелата.
Полуфиналето ќе се игра на две, а финалето на три добиени натпревари.