Сегашниот селектор на младинската селекција на Германија, Штефан Кунц е најсериозен кандидат за селектор на турската сениорска селекција. Турција остана без селектор по прекинот на соработката со Шенол Ѓунеш кому катастрофата со Холандија му беше последна на селекторското место.
Турските портали пишуваат дека турската федерација веќе склопила договор со Кунц, кој „испадна“ од игра да го замени Јоаким Лев. Кунц со младинската селекција освои две титули европски првак, и тоа беше доволна препорака да тргне во сениорските води.
Интересно е тоа што Кунц беше исто така во комбинација за некои клубови во Германија, но на крајот не ја прифати понудата, и остана младински селектор, но не за долго, затоа што наскоро ќе ја превземе Турција.