Најдобриот во Евролигата одбил астрономска понуда од ЦСКА Москва

272

Најдобриот играч на Евролигата и репрезентативец на Србија Василије Мициќ во разговор за „Basket news“ откри дека одбил астрономска понуда од ЦСКА ова лето. Одличниот плејмејкер потпиша нов договор со Анадолу Ефес според кој има излезна клаузула за НБА лигата.

Во текот на летото добив рекордна понуда од ЦСКА Москва. Мојот приоритет беше да останам во Ефес, а ги предупредив луѓето од турскиот клуб за сериозните намери на руската екипа. Среќен сум што ме разбраа, како и мојата желба да останем во клубот. Задоволен сум од тоа како на крајот испадна“, откри Мициќ кој заедно со Шејн Ларкин оваа сезона ќе го предводи Ефес во обидот да ја одбрани европската круна.

ПретходноФаустин Сенгор: Ова е вистинско дерби, Шкупи оди по трите бода!
СледноДесет години од маестралниот триумф и легендарното „Леле луѓе што направивме“!