Падна и втора „глава“ во Серија А: Отказ и за тренерот на Каљари

245

Во само неколку часа и по три одиграни кола на стартот на сезоната, двајца тренери во Серија А лигата останаа без работа. По тренерот на Верона, попладнево отказ доби и тренерот на Каљари.

Леонардо Семпличи и официјално ја заврши соработката со клубот од Сардинија, откако само неколку часа претходно Верона се раздели со тренерот Еузебио Ди Франческо.

Каљари сепак му се заблагодари на Семпличи за неговиот придонес во спасувањето на тимот од испаѓање на крајот од минатата сезона, но по

ремито на стартот против Специја (2:2), и поразите од Милан (1:4), а потоа и дома против Џенова (2:3) му пресудија на стратегот.

ПретходноДомашните мечеви на Академија Пандев наскоро на „Спорт Клуб“
СледноПолска рутински во полуфиналето на одбојкарското ЕП