Откако Јапонија од објективни причини се откажа од организација на Светското клупско првенство, има заинтересирани неколку држави кои би посакале да бидат домаќини на ова атрактивно натпреварување.
Имено засега прв и најсериозен кандидат е Саудиска Арабија, но денеска се појави и Јужна Африка која би сакала да го пречека најдобрите клубови во светот.
Оваа вест ја потврдија од врвот на Фудбалската федерација на Ј. Афријка, кои нагласија дека тие во 2010 година организирале одличен Мундијал и дека немаат никакви проблеми околу инфраструктурата и стадионите.