Фаустин Сенгор: Ова е вистинско дерби, Шкупи оди по трите бода!

191

Последиот меч од 6.коло во ПМФЛ ќе се одигра попладнево во Тетово, каде што се среќаваат екипите на Шкендија и Шкупи. Мечот почнува во 15 часот и се разбира дека ова дерби на колото и дерби на есенскиот дел сезоната.

Шкупи во случај на победа би се вратил на лидерското место,односно на делба заедно со А. Пандев. Секако дека ова е голем мотив за чаирчани во пресрет на денешниот меч.

Дефанзивецот Фаустин Сенгор во пресрет на денешното дерби со Шкендија изјавува:

“Мечот меѓу Шкендија и Шкупи е вистинско дерби.Се разбира дека ќе биде тежок натпреварза двете екипи. Знаеме што не чека и затоа сме максимално подготвени. Ќе биде тешко да се игра и поради трагедијата што се случиво Тетово, но се надеваме на добар настап пред јавноста. Не криеме дека одимена гости кај Шкендија по трите бода“ заврши Сенгор.

ПретходноГорецка продолжи со Баерн до 2026 година и доби поголема плата
СледноНајдобриот во Евролигата одбил астрономска понуда од ЦСКА Москва