Во пресрет на вечерашниот дуел: Баерн “удри“ по Барса…ТИЕ СЕ ШВОРЦ!

159

Вечерва стартува Лига на Шампионите со сезоната 2021/22. Секако дека дерби на вечерта е дуелот меѓу Барселона и Баерн Минхен кој се игра на “Камп Ноу“.

Интересно е тоа што пред овој натпревар, од раководството на “баварците“ како да сакаа уште повеќе да ги изнервираат сите во Барселона, а се знае зошто, со изјава на Ули Хенес, некогаш првиот човек на клубот.

Барселона порано беше пример за нас, ни го слдевме тој клуб во неговата работа. Сега веќе не е така. Многу работи се сменија во Барселона. Тие се шворц, пред банкрот. Да беше во Германија тој клуб ќе завршеше под стечај“ рече покрај другото легендарниот Ули Хенес.

ПретходноПо ремито во Тетово: “Пандевци“ лидери, Шкупи на третото место а Шкендија седма!
СледноПрв отказ во Серија „А“ – Верона остана без тренер