Десет години од маестралниот триумф и легендарното „Леле луѓе што направивме“!

144

На денешен ден пред точно десет години се случи најголемата сензација во историјата на европската репрезентативна кошарка, кога Македонија ја совлада Литванија (65:63) среде Каунас и избори пласман во полуфиналето на Европското првенство (ЕП).

Илиевски со фантастична тројка во последните 10 секунди ја шокира Литванија но и Европа.

„Најголемото изненадување во историјата на европските првенства? Пред десет години, Македонија и Владо Илиевски ја шокираа Литванија“, пишува во објавата на ФИБА.

Четвртфиналниот натпревар се одигра на 14 септември 2011 година во преполната сала во Каунас, каде што нашите момци имаа подршка од неколку стотици навивачи, кои еуфорично ја прославија најголемата спортска победа во историјата на овој спорт кај нас. Успехот беше легендарен, исто како и безвременската изјава на јунакот Илиевски.

„Леле луѓе, што направивме! Радувај се Македонијо“, извика легендарниот бек во преносот.

ПретходноНајдобриот во Евролигата одбил астрономска понуда од ЦСКА Москва
СледноШкендија VS Шкупи: Дерби во Тетово кое шампионот не смее да го загуби!