Вардар 1961 новата сезона во Лигата на шампиони ја почнува на гостински терен кај Елверум. Македонскиот првак денеска треба да замине за Норвешка, за утре во 18:45 часот е закажан мечот од првото коло.
Ќе биде тешко, противникот ќе игра пред своите фанови. После долго време поради пандемијата коронавирус и во оваа земја навивачите се вртаќаат на трибините.
Норвешкиот тим гледа со голем респект кон Вардар 1961, двократниот освојувач на титулата во ЛШ. Од клубот велат дека македонскиот првак е мал фаворит на хартија, но дека заедно со навивачите можат победнички да тргнат во најсилното европско клупско натпреварување.
„Да ги искористиме сите сили и да го испратиме Вардар со празни раце во Скопје“, порачаа од Елверум.