Елиот успешно опериран, се враќа на терените уште оваа сезона

141

Играчот од средниот ред на Ливерпул, Харви Елиот, мина успешна операција на левиот скочен зглоб, објавија вечерва од клубот. 18-годишниот фудбалер се здоби со тешка повреда во победата на Ливерпул од 3:0 над Лидс Јунајтед во неделата.

Елиот започнува со рехабилитација наскоро, а медицинскиот персонал на Ливерпул не брза со прогнози за периодот на опоравување, но се оптимисти дека играчот ќе се врати на терените пред крајот на сезоната.

ПретходноСрбија e прв полуфиналист на ЕП во одбојка
СледноЛШ ПОЛУВРЕМЕ: Јуве убедливо против Малме, Баерн среќно поведе на „Камп Ноу“ (ВИДЕО)