Легендата на Фенербахче Боби Диксон, после шест години нема да го носи дресот на клубот од Истанбул. Тимот се реши да го раскине договорот со овој кошаркар.
Диксон беше во златните години на Фенер, освои Евролига, три титули во Турција и тоа под водство на Жељко Обрадовиќ.
Фенербахче ја потврди разделбата со Диксон. Тој настапуваше за Турција, иако е роден во САД.