Во дербито на вечерта Барселона повторно е поразена од Баерн (М) во меч на домашен терен во Лигата на шампионите. По ланскиот дебакл од 8:2, Каталонците кои имаат големи играчки промени по заминувањето на Меси, лесно го положија оружјето пред германскиот шампион, кој овој пат замина со победа од 3:0. Со голот на Томас Милер во првиот дел, баварците поведоа со 1:0, а во вториот дел Левандовски со два гола ја запечати убедливата победа на германскиот првак.
Италијански Јувентус уште во првото полувреме ги реши дилемите на гостувањето кај Малме. „Старата Дама“ со головите на Алекс Сандро (23’), Дибала (п, 43’) и Мората (45’) обезбеди предност од 3:0 и ги остави Швеѓаните без шанси за подобар резултат.
Челзи чекаше на прв гол цели 70. минути. Иако беа подобар тим од Зенит, европските шампиони никако не успеваа да најдат начин да го матираат гостинскиот голман Критсјук. Сепак, по едно одлично уфрлување на Азпиликуета во 70. минута, Лукаку со небесен скок ја испрати топката во мрежата на Зенит за 1:0 и победа на европскиот првак.
Виљареал тргна лошо на мечот со Аталанта и прими гол уште во 6. минута. Фројлер ги донесе гостите до предност, но до полувреме, Тригерос успеа да израмни на 1:1. Во второто полувреме за целосен пресврт се погрижи младиот Холанѓанец Данјума кој во 73. минута погоди за 2:1. Сепак, упорните Италијанци преку Госенс во самиот финиш дојдоа до 2:2.
Без голови завршија дуелите во Киев и Лил.
Група “Е”
Динамо Киев – Бенфика 0:0
Барселона – Баерн Минехен 0:3
Група “Ф”
Јанг Бојс – Манчестер Јунајтед 2:1
Виљареал – Аталанта 2:2
Група “Г”
Севиља – РБ Салцбург 1:1
Лил – Волфсбург 0:0
Група “Х”
Малме – Јувентус 0:3
Челзи – Зенит 1:0