ЛШ: Барса има мотив да му врати на Баерн за оние 8:2 пред една година

226

Вечерва се крева завесата на новата сезона на групната фаза во Лигата на шампионите. Во 1. коло дерби во групата Е, а на „Ноу Камп“ ќе излезат на мегдан Барселона и Баерн Минхен, поранешните повеќекратни европски шампиони.

Тоа ќе биде 12-та пресметка меѓу овие два ривали во натпреварувањата под капата на УЕФА, а подобар ефект има Баерн затоа што има седум победи, Барса има две, а два меча завршија нерешено. Последниот меѓусебен дуел е епски – победа на Баерн со 8:2 во четвртфиналето во август 2020 година.

Барса вечерва против Баерн излегува без неколку фудбалери. Мартин Брајтвајт е повреден и ќе оди на операција, вон стројот се уште Кун Агуеро, Осман Дембеле, Сержињо Дест и Ансу Фати. Баерн е без услугите на Корентин Толисо. Левандовски и Гнабри се жалат на повреди, но од Баерн веруваат дека тие ќе можат да играат утре.

Барса оваа сезона сврте нов лист, без долгогодишната прва виолина во нападот Лео Меси. Аргентинецот прејде во ПСЖ, а Барселона се уште се приспособува без него. Стратегот на Баерн Јулијан Нагелсман вели дека не мисли дека Барса е послаба без Меси.

„Тие сега играат поинаку. Лионел е фудбалер околу кого се врти играта, а соиграчите постојано му додаваат. Сега одговорноста ја делат сите фудбалери подеднакво. Со Депај и Де Јонг тие имаат интересен тим со други квалитети, а не мислам дека сега се послаби без Меси“, изјави Нагелсман.

ДЕНЕСКА ИГРААТ

ГРУПА Е
БАРСЕЛОНА – БАЕРН     21:00 ч.
ДИНАМО КИЕВ – БЕНФИКА        21:00 ч.

ГРУПА Ф
ЈАНГ БОЈС – МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД         18:45 ч.
ВИЉАРЕАЛ – АТАЛАНТА             21:00 ч.

ГРУПА Г
СЕВИЉА – САЛЦБУРГ    18:45 ч.
ЛИЛ – ВОЛФЗБУРГ          21:00 ч.

ГРУПА Х
ЧЕЛЗИ – ЗЕНИТ 21:00 ч.
МАЛМЕ – ЈУВЕНТУС       21:00 ч.

ПретходноШкендија VS Шкупи: Дерби во Тетово кое шампионот не смее да го загуби!
СледноКФСМ во четврток ја закажа ждрепката за новата сезона