Првите 45 минути донесоа интересен фудбал на вечерашните 6 меча од 1. коло во новата сезона на ЛШ. Јувентус има најубедлива предност со 3:0 на гостувањето кај Малме, благодарение на головите на Алекс Сандро (23’), Дибала (п, 43’) и Мората (45’).
Минимална предност обезбеди Баерн (М) на гости кај Барселона. По еден шут на Томас Милер, Ерик Гарсија го смени правецот на топката и им овозможи на гостите да се радуваат.
Аталанта прва поведе кај Виљареал со голот на Фројлер во 6. минута, но со голот на Тригерос „жолтата подморница“ се врати за израмнување.
Група “Е”
Динамо Киев – Бенфика (0:0)
Барселона – Баерн Минехен (0:1)
Група “Ф”
Јанг Бојс – Манчестер Јунајтед 2:1
Виљареал – Аталанта (1:1)
Група “Г”
Севиља – РБ Салцбург 1:1
Лил – Волфсбург (0:0)
Група “Х”
Малме – Јувентус (0:3)
Челзи – Зенит (0:0)