Полска ја совладаа Русија со 3:0 (25:14, 26:24, 25:19) и рутински избори пласман во полуфиналето на Европското првенство на кое се домаќини.
Полјаците одиграа брилијантен прв сет во кој ја оставија Русија на само 14 поени, но откако за нијанса паднаа во вториот сет и го добија на разлика, во тртиот повторно ја покажаа доминацијата и рутински го затворија мечот.
Најдобар во победничкиот тим беше натурализираниот Кубанец Леон, кој донесе 14 поени за Полјаците, а Курек реализираше 10.
За место во финалето, Полска ќе игра со подобриот тим од натпреварот Словенија – Чешка.