Полувреме на супер-дербито: 0:0 во Тетово, Шкендија поопасна, Шкупи одлично се брани!

148

Без голови по првото полувреме на супер-дербито во Тетово меѓу Шкендија и Шкупи. Гледаме цврст, натпревар во кој најважно е да не се загуби. По првата закана која преку Адем ја упатија гостите, Шкендија беше поопасна во нападите, иако Шкупи одлично се бранеше.

Хебај во 35.минута шутираше, но неговиот удар беше блокиран. Мерџани во 39.минута го погоди голот за водство на Шкендија, но истиот оправдано беше поништен поради офсајд.

Најубавата шанса ја имаше младиот Дашмир Елези кој во 45.минута не успеа да го погодо речиси празниот гол на Шкупи.

ПретходноЕлверум со порака до фановите: Ајде да го испратиме Вардар со празни раце во Скопје!
СледноСветското клупско првенство се сели во Африка?