По завршувањето на последниот меч од 6.коло во ПМФЛ, во кое Шкендија и Шкупи одиграа 0:0, сега се знае и табелата во пресрет на седмото коло кое се игра во недела.
Со оглед на тоа што не успеа да победи, Шкупи засега е трет, додека лидер е тимот на Академија Пандев која има 14 бодови. Втора е Струга Трим Лум со 12, а Шкупи е на делба на третото месо со 11 бодови колку што имаат и екипите на Ренова и Работнички.
Шкендија со овој бод засега има само седум и се наоѓа на седмата позиција.
Неверојатно за шампионот. Попладнево Шкендија во шестиот меч дојде до своето четврто реми, има и една победа и еден пораз.